Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси соопшти дека Конгресот и официјално ја започнува истрагата која може да резултира со отворање на постапка за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Претседателот мора да одговара за своите постапки. Никој не е над законите“, изјави Пелоси во обраќањето од зградата на Конгресот.
Пелоси се одлучи на овој радикален потег после новите обвинувања на сметка на претседателот според кои тој ја ограничил американската воена помош за Укарина и вршел притисок врз украинскиот претседател за Украинците да отворат истрага синот на неговиот потенцијален противкандидат на претседателските избори идната година – Џо Бајден.
Трамп негираше дека ја користел американската помош како средство за притисок врз Украина, правдајќи го својот потег со неговата наводна желба да ги вклучи и европските земји во испраќањето на помош за Украина. Но, тоа не беше доволно да ги увери демократите кои на крајот одлучија да отворат постапка за негово отповикување.
Додека Демократите дебатираа околу отворањето на истрагата, Трамп на Твитер напиша дека одобрил објавувањена целосните транскрипти од телефонските разговори со украинскиот претседател, надевајќи се дека тие ќе докажат дека во разговорите немало ништо спорно.
Но, откако Пелоси објави дека ќе биде отворена истрага, Доналд Трамп жестоко ги нападна Демократите на социјалните мрежи.
Не пропуштајте: Ова е најголемиот скандал во режија на Трамп: Ќе избие ли најголемата политичка криза за време на неговиот мандат?
„Така важен ден во Обединетите нации, толку завршени работи и успех, а Демократите тоа намерно го уништија со новите вести за лов на вештерки. Тоа е многу лошо за нашата земја“, напиша Трамп и додаде:
„Пелоси, Надлер, Шиф и секако Максин Вотерс. Можете ли да поверувате во тоа? Тие ги немаат ниту видено транскриптите од разговорите. Тоа е тотален лов вештерки. Ова е злоставување на претседателот“, порача Доналд Трамп.
И додека Трамп не го крие својот бес, факт е дека истрагата е отворена. Во нејзин фокус ќе биде наводниот притисок на Трамп кон Зеленски да отвори истрага против Хантер Бајден, синот на Џо Бајден во Украина.
Доналд Трамп му се јавил на Зеленски и го замолил да отвори истрага за бизнисите на Хантер Бајден, а за возврат Трамп му дал некои ветувања. Но, откако не добил позитивен одговор, еден месец подоцна го одложил испраќањето на 250 милиони долари воена помош за Украина.
Хантер Бајден бил член на Советот на директори на британската енергетска компанија “Burisma Hodings” во сопственост на тамошниот олигарх Николај Злочевски, која инаку се занимава со истражување на гасните наоѓалишта во Украина.
Пелоси во меѓувреме размислува да основа специјален одбор, сличен на тој кој во 1973-та година беше основан за истрага на познатиот скандал „Вотергејт“ кој на крајот резултираше со повлекување на Никсон од власт.