Полјаците следната недела патуваат во САД без виза

|

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека Полјаците ќе можат да патуваат во Соединетите Држави без виза следната недела, што неодамна го одобри американската администрацијата.

Во присуство на американската амбасадорка во Варшава, Дуда рече дека од 11 ноември, Денот на независноста на Полска, на нивните државјани нема да им биде потребна ниту туристичка ниту деловна виза за посета на Соединетите Држави до 90 дена.

Тој додаде дека американската страна го известила дека Вашингтон ќе издаде и официјално соопштение, пренесува АП.

Агенцијата потсетува дека Полска е лојален сојузник и еден од најблиските американски партнери во Европа.