Поплави во Србија, за една ноќ паднал дожд колку за еден месец

ИЗВОРСкопје24
|

Вонредна состојба е прогласена во 12 српски општини по обилните дождови што погодија неколку делови од централните и јужните делови на земјата. Од речните корите се излеани повеќе водни текови, поплавувајќи земјишта и села.

Спасувачките екипи и тимовите за вонредни состојби се на теренот, а на некои мета ангажирана е и армијата.

Метеоролозите објаснуваат дека за една ноќ паднало дожд колку што вообичаено паѓа за еден месец.

Времето денеска: Променливо облачно, попладне со локален пороен дожд – од петок тотален пресврт

Времето денеска променливо облачно со врнежи од дожд, претежно во западните делови. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, повремено засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде од 16 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со краткотраен дожд и грмежи. Температури од 21 степен.

До среда ќе се задржи променлвио облачно и нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. В петок и за време на викендот ќе има значителен пораст на температурата.