Порака во шише: Биле потребни 9 години да премине далечина од 6.000 километри

|

Десетгодишно момче пред девет години фрлило порака во шише во Атлантскиот океан, а конечно добил одговор и тоа од “далечниот брег”. Макс Вреденбург веќе заборавил дека во 2010-та година ја пратил пораката која ја содржела неговата адреса, се додека неговиот татко не пратил фотографија од писмото кое е пратено од Франција.

Тогаш 10-годишниот Макс напишал писмо во кое замолил, кој и да чита, да му одговори, како и неколку информации за себе: 

“Сакам јаболка, сакам плажа, моја омилена боја е сина, сакам животни, сакам автомобили и ја сакам вселената”. Овие информации делуваат толку важни во тие години, а детето се сетило да остави и адреса на која треба да се прати одговорот.

Шишето со порака е пратено од Масачусетс, а по десет години се нашло на брегот на Франција, каде го нашол господин Дебуа.

“Биле потребни девет години да се минат 6.000 километри кои не раздвојуваат”, напишал тој, а неговото писмо содржело и датум на пронаоѓање и мапа за Макс Вреденбург да знае до каде патувала неговата порака.

Тој за CNN Travel рекол дека бил шокиран кога го видел одговорот, бидејќи не верувал дека некој некогаш ќе му одговорил.

“Вакво нешто нема да доживеам до крајот на животот”, рекол и открил дека планира да остане во контакт со човекот кој бил толку љубезен да му одговори и да му се заблагодари.