Познатата пејачка потрошила 320.000 евра за луксузен стан – Погледнете како изгледа нејзиниот рај (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Милица Павловиќ по долги години живеење како кираџија купила стан од 90 метри квадратни во еден од најлуксузните делови на Белград. Според медиумите, пејачката за станот платила  320.000 евра.

Долгорочни, речиси секојдневни настапи, непроспиени ноќи, повеќедневни видео снимања и бројни вложувања во кариерата и се исплатеа на Милица Павловиќ, која конечно реши да се смири и да купи луксузен имот каде отсега ќе живее.

Пејачката купила стан од 90 квадрати во населбата Вест 65 во Нов Белград, кој чини 3.000 евра за метар квадратен. Сите пари што ги заштедила и заработила од албумот „Засекогаш“ ги вложила во луксузен имот.

– Милица отсекогаш сакала да има свој стан, но сакала постепено да ги остварува соништата. Таа е кариеристка и вложи многу во кариерата, но дојде време да размислува за покрив над главата. Бидејќи пред да стане ѕвезда на Гранд, живеела во околината на Лесковац, со години изнајмувала стан во Белград и го делела со цимер. На таквиот начин на живот сега му дојде крајот – вели извор и открива како се одлучила за овој конкретен стан.

– По совет на пријател, а по разговор со архитект, Милица решила да купи стан во новоизградената населба Запад 65, каде квадрат чини 3.000 евра. Во оваа населба станови имаат многу познати личности на кои пред се им е важна безбедноста, но и добрата градба и удобност. Тоа беше доволна препорака да се крие таму и гаранција дека ќе има приватност – додава изворот на Блиц.

Освен што самиот стан чини 270.000 евра, пејачката вложила дополнителни 50.000 евра во уредувањето на ентериерот, така што се ја чинела вкупно 320.000 евра.