Жителите во Генимата и Канала во Ано Лиосија, во северозападниот дел на Атина, се повикани да се евакуираат во Лиосија поради шумските пожари во областа, јавува Катимерини
Во блиското место Фили пламенот веќе проголта неколку згради.
Властите, исто така, наредија главната депонија во главниот град Фили да биде затворена до натамошно известување.
#Greece #wildfires #fires #πυρκαγιες #φωτιες #Hellas #parnitha #Παρνηθα pic.twitter.com/ZKSyC3Un0B
— Aris Miron (@ArisMiron) August 22, 2023
Известувања за евакуација се испратени и до жителите во областа Лофос Кирилу во Мандра, Атика; Гратини во Комотини; Свети Космас во Кавала; и Макри, Дикела, Аја Параскеви и Месимврија во Александрополис.
Досега над 40.000 хектари се уништени во шумските пожари во изминативе три дена, според извештајот на Националната опсерваторија на Атина. Врз основа на прелиминарната анализа на сателитски податоци од метеоролошката служба на опсерваторијата Метео, уништени се 38.000 хектари во Еврос и 1.200 хектари во Родопи, северна Грција; 800 хектари на островот Китнос и 500 хектари во Евија.
Intense and uncontrollable wildfires rage in Alexandroupoli, Greece. Brave firefighters are working tirelessly to contain the fires. Evacuations are in progress. #Wildfires #GreeceFires #firefighters pic.twitter.com/YCxGBLlxmg
— ChroniBuzz (@liv59224) August 22, 2023
На социјалните мрежи се објавуваат фотографии на кои се гледа дека густиот чад од пожарите го покрива и небото над Халкидики, Кавала, Тасос.