Пожарот во Грција уништи површина поголема од Њујорк: Изгореа 808 квадратни километри

|

Пожарот во Еврос на северот на Грција е најголемиот пожар во земјите на ЕУ во последните неколку децении и изгореа 808,7 квадратни километри, соопшти Европската агенција за вонредни состојби „Коперник“.

Пожарот во Еврос уништи најмалку 808,7 квадратни километри, што е површина поголема од Њујорк, кој зафаќа 778,2 квадратни километри и е најголемиот пожар во ЕУ од 2000 година, покажуваат податоците на „Коперник“.

Пожарот избувна во близина на градот Александрополис и бргу се прошири во областа Еврос, каде што минатата недела загинаа најмалку 20 лица, што го прави најсмртоносниот пожар во Европа ова лето, објави „Катимерини“.

Градоначалникот на Александрополи, Јоанис Забукис, за „Катимерини“ изјави дека сега противпожарната служба следи и интервенира онаму каде што има повторно палење, што се случува исклучиво во шумата во Дадија.

Забукис истакна дека пожарникарите од другите земји, кои дојдоа да помогнат, дадоа значаен придонес во гаснењето на пожарот.

Од 20 август ЕУ испрати во Грција 11 противпожарни авиони, еден хеликоптер, 407 пожарникари и 62 возила.