Не секоја од познатите дами во земјава во летната сезона преферира да го покаже своето тело во костим за капење, особено не оние повозрасните.
Но случајот кај ТВ водителката и пејачка Јулија Мациевска е сосема поинаков.
Иако е во шестата животна деценија, таа гордо ја покажува својата става за која во текот на целата година вежба во теретана.
Ретко кој би и ги дал годините, а сега кога објави фотографии во бикини, само потврди дека возраста нема никаква врска со духот кој го носиме во себе.
Јулија летува во Хрватска, а покрај многуте фотографии кои ги објавува деновиве, се најдоа и такви каде позира во колоритни бикини.
Медиумите многупати знаат да и поласкаат за изгледот и енергијата, а како што е ред Јулија и ова лето „почести“ со својата позитивна енергија и женственост.
Извор: vistina.mk