Прекрасната „Црна барбика“ владее со модните писти

ИЗВОРСкопје24
|

Поради специфичниот изглед, Јужносуданката Дуки Тот била исмевана.

По победата на австралиското шоу Топ модел, денес таа е заштитно лице на многу брендови, а токму поради својот лик, кој сепак е природен и темната кожа, ја викаат „Црната Барбика“.

На свои 17 години, слични зајадливи коментари доживеа и за време на натпреварот во емисијата.

Тогаш многумина сметаа дека Дуки е вештачка, дека направила многу пластични операции и дека ги ретушира фотографиите.

Дуки победи на австралиското ТВ шоу во 2013-та година и оттогаш нејзината кариера оди по нагорна линија.