Премиерата на детската претстава Нашата љубов проследена со силни аплаузи и директна порака до родителите

За секојдневието на децата и нивните соништа да бидат чуени од родителите беше главната порака од премиерата на детската претстава „Нашата љубов“ во изведба на млади глумци од актерското училиште на Весна Петрушевска. Во МНТ се случуваше вистинска радост кај посетителите која беше поттикната од децата актери кои три години ја подготвуваа оваа претстава.

ИЗВОРКМК Продукција
|

„Ова се наши деца, но од брзото темпо на живеење не можеме да ги чуеме. Децата ќе ни пораснат а дел од нас нема да им ги разбереме нивните мечтаења. Наместо виртуелни другари, сакаме да имаат вистински другари. Овие млади актери три години во моето училиште се подгтотвуваа за премиерата на кои сум особено горда. Претставата „Нашата љубов“ е само еден мал сегмент од нивните приказни, проблеми и желби и ние не застануваме тука. Сакаме да ги мотивираме сите деца и да им испратиме порака до нивните родители дека реално треба да го живееме животот. Без театарот нема сон, а без сон сме едно големо ништо. Ве гушкам силно, со надеж дека ќе дојдете да сонуваме заедно“ – изјави Весна Петрушевска, актерка.

Преку театарски претстави, актерското училиште под палка на Весна Петрушевска, сака да овозможи на сите талентирани деца да се вклучат во вакви проекти во кои со самата подготовка им се создаваат убави навики во животот, дисциплина, другарување и љубов кон театарот.


„Ние како училиште со претставата сакаме да допреме до што поголем дел на публика, да ги натераме да дојдат и да го почувствуваат вистински театарот. Ги охрабруваме родителите и нивните деца кои сакаат да бидат дел од нашата актерска школа, да повелат да ја погледнат претставата. Дефинитивно, сакаме да ве насмееме и расплакаме од среќа, но и сите родители на децата уште од мали нозе да им создадат навики да го негуваат својот културен забавен живот“ додаде Петрушевска.