Пред само два дена Меган Маркл се породи, а веќе денес заедно со нејзиниот сопруг, принциот Хари, го покажаа на светот нивното синче.
Кралската двојка позираа со нивниот син во замокот Виндзор пред новинарските екипи.
Хари беше храбар и присуствуваше на породувањето на неговата сопруга. Нивното бебе е тешко 3.3 кг.
Гордата мајка рекла дека бебето од Сасекс има најсладок темперамент – многу е мирен.
„Не знам од кого го наследил тоа“, се пошегувал принцот Хари.
„Вистинско сонце е. Ова се посебни денови за нас“, рекла Меган Маркл.
Меган сакала да се породи дома но итно била префрлена во болница, најверојатно „Портланд“ за да се породи сигурно и безбедно. Меган била префрлена во болницата за која се претпоставува дека породувањето чини најмалку 17.000 евра. Во истата болница се родени принцезите Беатрис и Јуџин.
Ова е прво дете на Меган и Хари, кои стапија во брак во мај минатата година.
Видеото погледнете го ТУКА.