Преживеана девојка од автобуската несреќа во Црна Гора: Паднав од автобусот додека леташе(ВИДЕО)

|

Билансот на тешката сообраќајка на патот Цетиње – Будва, кога автобус со триесетина патници излетал од патот, резултира со две загинати лица, четворица тешко повредени и неколку полесни повреди.

Девојката од Никшиќ, Сања Вучиниќ (24), за „Вијеста“ изјавила дека цело време била во свесна состојба, а при слетувањето испаднала од автобусот.

По 16 часот од Цетиње била пренесена во Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица за понатамошна дијагностика.

Девојката за „Вијести“ раскажала дека седела на десната страна среде автобусот, и дека гледала во телефонот кога удриле во банкината.

„Ги слушнав крикот на патниците и тогаш паднавме. При падот испаднав, навистина не се сеќавам како излегов од автобусот. Успеав сама да излезам од бездната на патот. “ изјавила Сања Вучиниќ.

Таа околу 10 часот утрово со автобус на фирмата „Паповиќ“ од Никшиќ тргнала кон Будва, каде попладнето требало да дојде на работа во хотелот „Медитеран“.

„Имав два дена одмор и ова се случи на враќање“, рече таа.

Најмалку две лица загинаа, додека неколку лица се повредени во сообраќајката што се случи на патот Цетиње-Будва.

Како што потврдија од „Вијести“, автобусот слетал на релација Обзовица – Брајиќ. Првичните податоци на полицијата покажуваат дека во автобусот имало меѓу 30 и 35 патници, а во автобусот немало деца.

Возачот на автобусот е приведен во полиција.