Новите уреди „MacBook Air“, со големина од 13-инчи „MacBook Pro“ и „MacBook Mini“ лаптопи ќе бидат првите „Apple“ компјутери со новиот револуционерен М1 чипсет.
Клучен чекор за флексибилност и контрола при развивање на нови модели го овозможува новиот М1 чип кој го развија „Apple“. Цената на новата „MacBook Air“ е 999 американски долари – иста како и цената на претходниот модел што го замени.
Како претходикот, новиот модел ќе биде достапен во сива, златна, и сребрена боја. Основниот модел вклучува 7-јадрен процесор со 256 гигабајти меморија за складирање и 8 гигабајти RAM меморија. Моделите со осум-јадрен процесор и 512 гигабајти меморија ќе чинат од 1.249 до 2.049 американски долари.
За балансирање на моќта и продолжување на долговечноста „Apple“ изјави дека осум-јадрениот процесор има 4 јадра со високи перформанси и 4 јадра со висока ефикасност.
Од „Apple“ наведуваат дека новиот чип нуди најдобри перформанси по вати од кој било процесор на пазарот и му овозможува на лаптопот веднаш да се вклучи за рекордно кратко време штом ќе го отворите екранот. Сето ова треба да придонесе за подолго траење на батеријата и подобри перформанси од претходниот модел.