По повод Деновите на занаетчиство, во Кабинетот на претседателот се отвори изложбата „Жени во занаетчиство“ чијшто покровител е сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска. Изложбата ќе биде отворена и во текот на следните два дена.
Настанот го отворија сопругата на Претседателот на државата г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, амбасадорката на САД во РМ Кејти Брнс и претседателката на Занаетчиска Комора Анета Атанасовска. На настанот извршната директорка на ЦУП и’ врачи на Сопругата на Претседателот плакета во знак на благодарност за нејзината заложба во поддршката и промоцијата на женското претприемништво.
Присутните имаа можност да ги разгледаат уникатните производи на жените занаетчии и да се запознаат со платформата www.womenpoweron.mk