Првата дама на Украина Јелена Зеленски е миленичка на нацијата, а веќе три месеци ја извршува функцијата прва дама откако нејзиниот сопруг Влaдимир Зеленски стана претседател на Украина.
Таа откако стана свесна за функцијата изјави дека се плаши само од една работа во текот на мандатот на нејзиниот сопруг.
„Ме плаши неизвесноста, која ја носи претседателската титула на сопругот, но и мојата, на прва дама на Украина“, изјавила сопругата на победникот на претседателските избори во Украина Володимир Зеленски, Јелена Зеленска, за британски медиум.
„Би сакала да можам да стојам настрана од светлата на камерите“, изјавила во интервјуто новата прва дама на Украина.
Таа на својот Инстаграм профил редовно споделува фотографии со фановите, а тие најмногу и се восхитуваат поради убавината и скромниот стил на облекување, погледнете.