„РАДОСТА НА ТАНЦОТ“ КОНЦЕРТ НА „ТРИО АНИМАТО“

|

„Радоста на танцот“ е насловот на новиот концерт на трио „Анимато“ кој ќе се одржи на 17 јуни 2022 година (петок), во Националната галерија “Даут Пашин Амам”, со почеток од 19ч.

На програмата ќе бидат изведени дела од Доницети,Фурштенау,Сметана,Ј.С.Бах,Шуберт,Прокопиев,Дворжак и Менделсон.
„Радоста на танцот“ ќе не однесе низ танцувње и пеење на романтичарите, а низ разноликоста на репертоарот ќе биде изведена и композицијата „Пасторала“ од нашиот реномиран автор Трајко Прокопиев прилагодена за прв пат за ваков вид на состав.