Разоружување на Србија: За еден ден предадени над 1.400 парчиња оружје во Србија

|

Започна разоружувањето на Србија, а според последните податоци од Службата за сузбивање на криминалот на МВР за еден ден се предадени околу 1.400 парчиња оружје, околу 45.000 парчиња муниција и околу 100 парчиња минско-експлозивни направи.

Бојана Отовиќ Пјановиќ од Службата за сузбивање на криминалот на МВР прецизираше дека се предадени 765 парчиња оружје кое било во законска сопственост на нивните сопственици, 199 парчиња оружје на починати лица и 404 парчиња оружје кои не биле регистрирани.