Министерство за здравство: Реновирана и опремена клиника

|

Извршено е комплетно реновирање на најзначчајните делови од Универзитетската клиника за нефрологија – информираат од Министерството за здравство. Со реновирање и опремување опфатени се интензивниот оддел, како и одделите за дијализа, одделот за трансплантација на бубрези, како и одделот за васкуларен пристап.

Реновирањето опфаќа комплетна замена на медицинскиот инвентар, како и инвентарот во помошните простории за медицинскиот персонал. Обновена е салата за васкуларни пристапи за пациентите на хроничен хемодијализен програм. Заменети се болничките кревети и помошна немедицинска опрема.

Од медицинска опрема, набавен нов ЕХО апарат, пациент-монитори за следење витални параметри на одделнието за интензивна нега, а обновена е и инсталацијата за довод на кислород. Купен е и монтиран нов најсовремен хирушки оперативна маса со осветлување, а извршена е и целосна замена на инструментариоумот со нов.
Со овој зафат се подобруват условите и за пациентите, и за стручниот тим нефролози, со цел поуспешно изведени операции на артери-венски фистули, трајни и времени катетери за хемодијализа и сл.
За пациентите со бубрежни заболувања, обезбедени се современи апарати за хемодијализа.

Поставен е нов апарат за прочистување и замена на плазма кај пациенти кај кои преземањето на овие терапевтски интервенции се животоспасувачки. Тоа е пациенти со системски заболувања, како што се гломерулонефрити, системски лупус и пациенти со комбинирани системски нефролошки, ревматолошки, хематолоши, кардиолошки и пулмонални заболувања.