Робин Худ од Мекдоналдс: Дал отказ и открил што ставал во порциите на клиентите секој ден

|

Коди Бондарчук, поранешен вработен во Мекдоналдс, на својот Твитер профил споделил тајна која ја криел додека работел во овој ресторан.

Овој Канаѓанец оддал како им помагал на своите клиенти:

“Две и пол години работев во Мекдоналдс и ставав 11 пилешки стапчиња во секоја нарачка во која требаше да се ставаат 10”, напишал Коди.

Ваквиот твит собрал речиси 900.000 лајкови, а во коментари се нижеле пофалби и позитивни критики за ова момче.

“Ти си секојдневен херој! Тоа се малите работи кои ги радуваат луѓето”, стои во еден од коментарите.

Некои и се пошегувале со Канаѓанецот:

“Дали можеби сега работиш во банка? Многу би нѝ значело”, напишал еден корисник на Твитер.