Министерството за внатрешни работи, Секторот за внатрешни работи Скопје, Одделение за превенција во соработка со Комората на РСМ за приватно обезбедување и Скопје Сити Мол ,во насока на превенција на кри миналот и едукација на граѓаните, по втор пат организраат Саем за Безбедност “Живеј БЕЗБЕДНО!” во Скопје Сити Мол.
Настанот ќе биде организиран во периодот од 21-ви до 22-ри Ноември 2022 год, во Скопје Сити Мол, каде граѓаните на едно место ќе имаат можност да се запознаат со услугите кои инстутициите и компаниите ги нудат за помош и самозаштитита.
Анализата покажува дека голем број од кривичните дела се вршат поради недоволна грижа и внимание како за личната безбедност така и за имот од страна на самите граѓани.
Како причини кои се јавуваат за појавата на овие крив ични дела големо влијание има општествено – економските прилики и современиот начин на живот.
Последиците кои произлегуваат од извршените кривични дела се: одземање на вредни предмети (пари, накит, документи).
Општата цел која сакаме да ја постигнеме со реализацијата на проектот е намалување на бројот на кри вичните дела од овој вид со подигнување на свеста кај граѓаните во соработка со полицијата и преземање на мерки за самозаштита и секако намалување на материјалата штета од овој вид на крим иналитет.
КРИМ ИНАЛОТ МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ, но МОЖЕ И ДА СЕ СПРЕЧИ!