Сахарски ветар штетен по здравјето се шири низ Европа (ВИДЕО)

|

Голем облак од сахарска прашина се шири низ  Португалија, Шпанија, Франција и Италија, загрозувајќи го здравјето на луѓето.

Движењето на прав од Сахара кон север резултираше со многу високи површински концентрации на ПМ10 честички на места поголеми од 250 микрограми на кубен метар. Ова е повеќе од препорачаниот 24-часовен праг од 50 микрограми.

Во Португалија и Шпанија е забележан многу голем пораст на концентрацијата на ПМ10 честичките кои се штетни по здравјето.