Се испиле 200.000 литри пиво помалку: Рецесијата го погоди и Октоберфест

|

На овогодинешниот традиционален фестивал Октоберфест, кој е завршен во неделата во Минхен, според зборовите на организаторите, испиени биле дури 200.000 литри пиво помалку од минатата година, што би можело да биде резултат од рецесијата во Германија.

Манифестацијата оваа година ја посетиле 6,3 милиони луѓе, приближно исто како минатата година, но тие купиле 7,3 милиони литри пиво. Од отворањето, на 21-ви септември, се изеле вкупно 129 волови и 29 телиња, пренесува “Investitor.me”. 

“Овогодишниот Октоберфест беше мирен за опуштената и весела публика”, рекол на крајот од фестивалот директорот Клеменс Баумгартнер.

Неговата изјава ја потврдила и полицијата, која соопштила дека оваа година бил забележан значен пад на криминалот во однос на минатата година. Имало и помалку проблеми поврзани со прекумерно пиење на алкохол, па лекарите интервенирале во 600 случаи, што е 120 помалку од минатата година.

Полицајците, меѓутоа, забележале рекорден број на оние кои возеле пијани откако присуствувале на фестивалот. Сопреле 775 пијани возачи, вклучувајќи и 414 на електрични тротинети.

Организаторите на фестивалот ја ограничиле употребата на електрични тротинети во пошироката арена поради загриженост дека нивните корисници би можеле да возат пијани.

Традицијата за одржување на Октоберфест, кој се смета за еден од симболите на Германија, почнала на 12-ти октомври 1810-та година со забава за веначвката на баварскиот крал Луј Први.

Подоцна фестивалот бил преместен на друг термин, кога времето во баварската престолнина е обично поубаво, но името останало исто. Од 1810-та година Октоберфест не бил одржан само 24 пати. Откажан бил за време на епидемијата на колера, во текот на хиперинфлацијата во 20-тите и за време на двете светски војни.