Пејачката Кристина Агилера во текот на деведесеттите години беше на врвот на својата кариера. Откако на Дизни беше прогласена за “глас на генерацијата“, потпишала договор со американска издавачка куќа и започнала соло пејачка кариера која ја вивна кон ѕвездите.
Во текот на целата своја кариера била споредувана со Бритни Спирс, а музичките критичари секогаш ја издвојувае поради неверојатните музички способности.
Таа во еден момент на кратко се повлекла од јавноста кога одлучила да се оствари во улогата на мајка, а големо враќање на сцената никогаш не доживеа.
Покрај тоа што се здебелила и била на неколку естетски операции и ботокси, нејзиниот последен албум доживеа голем пех затоа што не успеа да се искачи на водечките топ листи.
Таа се појавила на премиерата на филмот „Семејството Адамс“ за кој го сними инглот со име „Haunted Heart“, а фановите биле шокирани од нејзиното издание и наводите дека целосно се уништила.
„Нејзиното лице исчезна, не може ни да се насмее како што треба поради ботоксот“ – гласеле некои од коментарите на социјалните мрежи.