Познатата манекенка Синди Крафорд витката фигура ја одржува уште од раните 90-ти и затоа сега без срам објавува фотографии од совршено затегнатото тело и свежото лице, на кои годините не им можат ништо.
Иако признала дека и било тешко да прифати дека наполнила 50 години, на нејзините фанови тоа не им е важно затоа што Синди и натаму е извор на инспирација и мотивација.
Сега таа објавила видео од утрински тренинг, а глетката е како од соништата.
На почетокот на видеото може да се види океан, плажа и палми и скали кои на оваа убавица и служат за тренинг. После тоа, Синди трчајќи по скалите влегува во кадарот со насмевка на лицето.
“Импресионирана сум! Трчаш по скали?”, гласи еден од коментарите.
“Затоа и изгледаш толку младо”, напишал друг фан.
“Апсолутно совршено место за вежбање. Во одлична форма си”, биле само некои од коментарите.
Веќе е познато дека Синди станува рано и дека живее живот со полни гради, па не е ни чудо што изгледа како што изгледа.