Потрагата по Емилијано Сала и пилотот на исчезнатиот авион заврши неуспешно и по третиот ден активно вклучување од страна на сите служби кои се задолжени за алармантни ситуации кај Каналските Острови, па по комплетирањето на денешната акција, полицијата излезе со едно разочарувачко соопштение кое ги скрши срцата на фудбалските фанови, а истовремено буквално ги распарчи најблиските на фудбалерот и пилотот.
Аргентинскиот фудбалер и пилотот исчезнаа од мапата во понеделникот наутро во летот кој своја крајна цел го имаше Кардиф, а полицијата во официјалното соопштение порача дека активната потрага по двајцата е прекината откако биле вложени сите напори, а не биле најдени никакви траги од исчезнатите, па дури ниту траги од авионот.
Ваквиот став на полицијата секако не наиде на одобрување кај сите кои имаат било каква поврзаност со фудбалерот кој требаше да биде претставен како најскапо засилување во историјата на Кардиф, па непосредно по објавата на одговорните лица, со срцепарателна порака излезе сестрата на Сала кој испрати молба до полицијата да не ја прекинува активната потрага.
– Единствено што сакам е да го пронајдат мојот брат, да го пронајдат пилотот. Нека се стават малку во наша кожа, во нашите срца недостига некој многу близок. Се уште чувствувам дека можеби се живи, ние ги чекаме да се јават. Ве молам немој да прекинувате со потрагата, ве молам, – гласи пораката на Ромина Сала која со солзи во очите и растреперен глас одлучи да се огласи преку медиумите.
El desgarrador pedido de Romina Sala, hermana de Emiliano, para que sigan con la búsqueda del avión, mano a mano con #SportsCenter desde Cardiff. pic.twitter.com/jHzker2cfe
— SportsCenter (@SC_ESPN) January 24, 2019
„Ве молам, ве молам, немојте да ја прекинувате потрагата. Ги разбирам сите напори, но ве молам не престанувајте со потрагата. Знам дека брат ми се уште е жив. Тој е голем борец. Последен пат зборував со него во понеделникот, пред да се поздрави со соиграчите од Нант. Беше возбуден затоа што оди во Кардиф и зборувавме цел ден“, додаде Ромина.
"Please don't stop searching for them… I feel they are alive"
The sister of Emiliano Sala has made a desperate plea during a press conference as the search is called off for the Premier League footballer and pilot Dave Ibbotson https://t.co/M94HHhRq0p pic.twitter.com/L4TDtiLkBg
— ITV Wales News (@ITVWales) January 24, 2019
Англискиот „Дејли Mејл“ вчера излезе со информација дека Сала пред кобниот лет им пратил аудио порака на своите другари: „Се чувствувам многу уморно. Бев во Нант и правев многу работи, и работи, и работи… Сега одам во Кардиф со авион кој ми се чини дека ќе се сруши секој момент. Утре ќе тренирам со нови соиграчи. Ако не ви се јавам за еден час и половина, не знам дали ќе испратат некого да ме бара… Се плашам“ , наводно им кажал Сала на своите пријатели а во позадина се слушале моторите на авионот.
Она што е исто така сомнително е изјавата на неговата поранешна девојка. Имено, Беренис Шкир, исто така вчера се огласи преку социјалните мрежи и изнесе сериозни обвинувања.
Таа тврди дека исчезнувањето на авионот со кој нејзиното момче леташе од Нант кон Кардиф не било случајно.
„Истражете ја фудбалската мафија. Не верувам дека ова е несреќен случај“, напиша Шкир.
Набрзо нејзината објава беше тргната, но дури откако беше пренесена од голем број светски медиуми.
„Сакам да се пробудам и да сфатам дека ова не е вистина. Ве молам, истражете што му се случило на Емануел бидејќи не верувам дека е несреќа и дека ја прекинале потрагата само поради лошото време. Се чуствувам беспомошно, ова е кошмар за мене“, дополнува девојката која неколку месеци била во врска со Сала.
На крајот таа се прашува зошто вакви работи му се случуваат на фасцинантен човек, кој е добар и посветен на својата работа.