Силно невреме ноќеска во Дубровник: Поплавени куќи, одрони, парализиран сообраќај

|

Подрачјето на Дубровник ноќеска беше зафатено од силно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд предизвикаа поплави во делови од градот и го парализираа сообраќајот.

„Поплава во Дубровник. Обилно врне дожд повеќе од еден час. Водата почна да навлегува во куќи во некои делови од градот“, беше само еден од многуте коментарите на социјалните мрежи за невремето во Дубровник.

Локалниот Либеропортал објави дека синоќешните врнежи го парализирале сообраќајот во потесното градско подрачје и предизвикале одрони на неколку места.

Времето во земјава денеска променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно, во попладневните и вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во вторник ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.