Сите се изненадени – колку шминка и треба на Ирина Шајк за да изгледа совршено (Видео)

|

Нa „YOUTUBE“, туторијалите за шминкање снимени од најпознатите светски топ модели стануваат сè попопуларни. Супермоделот Ирина Шајк сними една за Вог, а нејзината рутина за шминка изненади тим од целиот свет.

Додека блогерите за убавина ставаат прајмери, течни пудри, коректори, хајлајтери и многу други препарати на нивното лице, Ирина Шајк се шминкаше со прстите и користеше само неколку капки течна пудра што ги нанесуваше само на одредени делови од лицето.
Светски познатата манекенка и една од најубавите жени во светот не користи ниту дел од она што е дел од рутината на многу девојки кога се шминкаат и вели дека помалку е повеќе и дека жените треба да носат шминка, а не шминката нив.

Во коментарите под видеото на Јутјуб, многумина не го криеја својот ентузијазам и одушевување од туторијалот за шминкање на Ирина.

„Нејзината тајна за добра шминка е во тоа дека, таа и без шминка е една од најубаваите на светот“, се пошегуваа нејзините обожаватели.