Сличноста е неверојатна: Во Аргентина откриена идентичната двојничка на Џенифер Анистон (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Холивудската актерка Џенифер Анистон и сега на 52 години важи за една од најубавите жени во светот, и жена на која како што се чини годините не и можат ништо, па затоа веруваме дека секоја девојка или жена која личи на неа, би била екстремно горда.

„Можете да видите дека мојата пријателка е иста како Џенифер Анистон“. – Овој твит на студентoт по право, Аргентинецот, Лео Јапур, предизвика бум на социјалните мрежи во Јужна Америка, откако фотографијата која тој ја постави стана вирална.

За кратко време фотографијата на речиси идентичната двојничка на хиоливудската актерка собра повеќе од 165 илјади лајкови, 4,5 илјади коментари и илјадници ретвитувања.

Плавооката девојка навистина многу наликува на Анистон од времето кога таа ги снимаше славните „Пријатели“, а веројатно оваа фотографија на девојката ќе и донесе и многу публицитет.