Истражувачите во реално време набљудувале како ова езеро кое се наоѓа на површината на дебелиот мраз на Гренланд за неколку часа се празни низ длабоките пукнатини и тој феномен се очекува да биде почест поради климатските помени.
Слојот на мараз на Гренланд може да биде дебел неколку километри, а во текот на летото вообичаено е дел од површината да се стопи и да создаде езеро. Тоа езеро потоа може да пронајде пукнатини во мразот, да се прошири под притисок и да создаде голем отвор кој се спушта до дното на ледената покривка која е за километар пониска.
Но, експертите од универзитетот во Кембриџ неколку денови по доаѓањето таму, го набљудувале езерото и забележале дека две третини или речиси пет милиони литри, за време од пет часа исчезнале од површината и пропаднале во тлото.
На снимките од воздух направени со дрон се гледа голема темно сина елипса која преминува во помал светло син круг во длабочините.
„Беспилотното летало ни помага да направиме висококвалитетни снимки на подрачјата кои не се сигурни за научниците“ – рекол Том Чадил, докторанд и пилот на дронот.
Научниците виделе дека наглото празнење на езерото во одредено време ја зголемува брзината на поместување на мразот од два на околу пет метри дневно.
„Количината на вода од езерото може да се зголемува на ниво на локација за кое досега не сме знаеле“ – предупредил Том Чадли.