Сопствениците ја обоиле и ја напуштиле – добрината на луѓето што ја вдомиле смени сѐ

ИЗВОРСкопје24
|

За жал, светот е полн со лоши луѓе. Секој ден се среќаваме со стории за невини животни кои се малтретирани или напуштени. Денешната приказна не е во ништо поразлична…

Во Грција, едно семејство одлучило дека ќе биде забавно да го обојат своето кученце црвено. Но, таму не застанале – откако ја обоиле црвена, тие ја оставиле на улица. Колку злобно!

Преплашеното кученце било пронајдено и спасено. Ја крстиле Скарлет. Спасувачите биле запрепастени од нехуманоста на нејзините претходни сопственици. Кученцето било однесено на ветеринар и ја добило целата потребна нега.

Црвената боја почнала да исчезнува после неколку бањања, Во меѓувреме, нејзините спасувачи ги објавиле фотографиите на Скарлет по социјалните мрежи. Ова предизвикало лавина на бурни реакции. Социјалните мрежи и помогнаа на Скарлет, за брзо време е најден вдомувач. Сега, ова малечко суштество живее во топол дом, каде никој нема да ја бои.

И покрај целото страдање, приказната за ова кученце завршува со среќен крај. Вклучете се и вие во кампањата за заштита на животните!