Совети за шминкањето во зима

|

Најчестата грешка која жените ја прават е тоа што користат иста нијанса на пудра како во лето, но освен ако не одите на солариум во текот на цела година, во зима кожата ви е посветла за нијанса или две, па со тоа и пудрата треба да биде посветла. Камените пудри или течните со мат ефект можеби помагаат при спречување на сјајот на лицето, но истовремето ја сушат кожата, што не ви е дополнително потребно во зима.
Во зима преферирајте пудри со кремаста текстура и навлажнувачки ефект, избегнувајте пудра во прав.


Во зима усните често се сушат и пукаат, а со мат кармините само го поттикнувате процесот и правите усните да изгледаат непривлечно. Користете кармини или лабела со покремаста текстура, кои ќе ги омекнуваат и штитат усните.Сјајот за усни во зима прво е непрактичен доколку има ветер, или ставате марами и шалови околу уста, плус, има лош ефект на ладното, исто како кога ги лижете усните и предизвикувате полесно пукање.
Во зима не смеете да си дозволите снегот или дождот да ви ја размачкаат шминката, или пак насолзените очи од студеното време, па затоа задолжително користете водоотпорна маскара и моливче за очи.