Мајка на две деца заштедила илјадници дол*ри со купување облека во бутици со користени работи. Нина Диксон (29) успала да купи облека од дизајнер по прифатливи цени со купување во продавници од „втора рака“.
„Ја родив ќерка ми кога имав само 16. години, а имањето своја куќа и дете беше многу скапо“, рекла Нина,и додала: „Мајка ми Каролина ме запозна со продавниците од втора рака кога бев тинејџерка. Таа отсекогаш за мене купувала оттаму,и поради тоа секогаш ми беше непријатно “.
Таа раскажала дека честопати се криела стоејќи малку пониско по патеката, во случај некој да не ја признае. Но, кога ја добила ќерката, нејзиниот став се сменил затоа што морала да започне да купува поевтини работи. Нина тврди дека сè уште има стигма кон продавниците кои нудат користена облека, но смета дека штом таа облека се испере дома, тоа е ново.
„Облеката за бебиња едвај се носи пред да се донира во добротворни бутици. Новороденчето најверојатно двапати било во таа облека“, објаснува Нина.
“Отидов во second-hand продавница што се затвори пред четири години. Таму имаа понуда да наполнам целосна торба за 130 дол*ри. Зедов црн фустан и имав уште девет парчиња облека во торбата”, рекла таа. Тој фустан го носела на добротворен натпревар во боксот и добила многу комплименти. Она што најмногу ја привлекува Нина во продавниците од „втора рака“ е тоа што е возбудена секој пат кога оди на шопинг затоа што никогаш не знае што ќе најде.
„Не е дека не можам да си дозволам да одам ви „нормален“ бутик за облека, но ја сакам забавата и возбудата да најдам нешто што е многу поевтино“, објаснува Нина.
Симпатизер на second-hand продавници дури и донира облека што ја купила во second-hand бутик. Имено, таа поминува низ нејзината гардероба на секои шест месеци и ако нешто не облекла некое време, Нина тие облеки ги донира во second-hand .