Што е тоа антифриз и како да го провериме неговото ниво?

ИЗВОРрпм.мк
|

Период е на ниски температури. Иако сеуште ги немаме оние екстремните (а по сеизгледа така и ќе остане), сепак би требало да споменеме како да го одржиме правилното работење на моторот во зимно време. Се разбира ќе збориме за т.н. “антифриз”. Како што вели и самото име, главната функција на антифриот е да спречи замрзнување на системот за ладење на моторот (самата течност).

Во самиот мотор, минуваат канали кои се користат за да се отстрани (намали) топината која го создава блокот, за потоа низ “хладњакот”, се елиминира топлината и целата течност се враќа во моторот, па истиот процес цело време да се повторува.

Проблемот настанува, кога ќе го изгасите моторот, бидејќи со тоа застанува и движењето на течноста и моторот започнува да се лади. Најмногу ќе треба да внимавате водата да не дојде на температура на мрзнење, бидеќи со самото замрзнување таа вејќе не е целосно во течна форма, па во себе може де содржи парчиња мраз и истите да предизвикаат истекување на терноста од негде или во најлош случај да направат механички оштетувања на самиот мотор. Антифризот исто така има двојна улога, односно може да се однесува и како подмачкувач.

Како да го проберите нивото на течноста за ладење?

Постојат две опции, но најмногу зависи од самиот систем кој го имате. Прво, има системи кои имаат свој резервоар кои досволуваат промена на нивото на терчноста да се менува како самиот систем се загрева без да се испушта течноста. За проверка:

1. Оставете моторот да се излади, бидејќи при работа истиот е од притисок.
2. Искористете го прирачникот за да видите каде стои самиот резервоар.
3. На самиот резервоар ќе имате означено колку е максимумот / минимумот.

Постојат и систми кои немаат свој резервоар.
1. Слично како и предходно, оставете моторот целосно да се излади.
2. Најдете го “хладњакот” и отворете го капачето.
3. Целиот треба да биде исполнет со терност.

Кирил Димитров Урошев