Страшно невреме го зафати Халкидики и според неофицијални информации има и неколку повредени, јавува државната грчка телевизија ЕРТ.
По горештините со 42 степени, дожд и бура ги зафатија централниот и северниот дел на Грција, но температурите паѓаат низ целата земја.
Како што објави ЕРТ, на неколку места има и прекини на струја.
ЕРТ, како и неколку локални медиуми, но и Катимерини објавуваат дека има голема материјална штета.
Има и повредени, меѓу кои ги истакнуваат татко и син, кои биле гости во еден хотел, но нема информации каква е нивната состојба.