Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по голема борба против германскиот тенисер Кепфер се пласираше во полуфиналето на турнирот во Рим. Тој мораше да го испоти светскиот рекет број еден за да го освои мечот, а покрај низата одлични потези на двајцата, мечот го одбележа и необичен гаф на судијата во италијанската престолнина.
Имено, на крајот од третиот гем одлучувачкиот сет, судијата Нашо Форкадел рече „Федерер“, па побрзо се поправи и рече „Ѓоковиќ“, со што означи кој го добил гемот.
Намера или само деконцентрација на судијата – проценете сами.
(info – @josemorgado )#IBI20 (🎥@Eurosport_RU ) pic.twitter.com/8Md2wncgBp
— doublefault28 (@doublefault28) September 19, 2020
Иако, сигурни сме дека ќе има многу кои оваа грешка на судијата ќе ја поврзат со неодамнешната елиминација на Новак од УС Опен, како друг вид на провокација од светските тениски власти против српскиот ас.