Светлана Црнокрак е ултра згодна мама додека вози велосипед со помалата ќерка Нина (фото)

|

Таа важи за жена со неприкосновена убавина, а годините кои минуваат за неа се само број.

Некогашната манекенка и сегашна сопственичка на модното студио „Црнокрак“ и ТВ презентерка, Светлана Црнокрак, мајката природа ја дарила да има се што може да посака една жена, а таа самоуверено и гордо да се носи со сите епитети.

Цеце е активен корисник на социјалните мрежи, а одвреме-навреме знае да открие нешто ново од своето секојдневие и со јавноста.

Деновиве на својот профил на социјалните мрежи покажа како го поминува времето со својата помала ќеркичка.

Мама и Нина се активираа возејќи велосипед, а убавиот момент го овековечија со неколку фотографии кои Светле ги сподели со јавноста.

ФОТО:СВЕТЛАНА ЦРНОКРАК/ФЕЈСБУК

Нина блеска како дијамант и најголемата гордост на мама која пак изгледа феноменално и во спортска варијанта.

ФОТО:СВЕТЛАНА ЦРНОКРАК/ФЕЈСБУК

Неодамна семејството Црнокрак имаше убава прилика за славење, односно во една игротекка го прославија роденденот на помалата ќерка Нина која наполни осум години.

ФОТО:СВЕТЛАНА ЦРНОКРАК/ФЕЈСБУК

Инаку, Светлана Црнокрак манекенството остана да го пренесува на помладите девојки од нивното модно студио, но сепак одлучи да се појавува пред камери како презентер на вести, улога со која исто така одлично се носи.