Таа е единствениот ангел на Викторија која не носи број “С“: По нејзините облини полудеа сите (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Познатиот амрикански бренд за долна облека „Викторија сикрет“, за првпат ангажираше „ангел“ со облини.

Лорена Дуран (25) од Шпанија е првата жена која ќе ги носи моделите на компанијата, а да не е со конфекциски број „С“.

-Среќна сум и горда поради овој ангажман. Време е за разновидност. Му благодарам на тимот на Викторија Сикрет кој ги оствари моите соништа, изјавила Лорена.

Заводливата 25-годишна манекенка ја започнала својата кариера кога имала 17 години и досега соработувала со брендови како Asos, Zalanda, El Corte Inglesa, Intimissimi, а во последно време ја носела и колекцијата на Софија Вергара.

Промената во работата на компанијата доаѓа откако во последните две години ги затворија повеќе од 80 продавници во светот и ја загубија довербата на купувачите.