Таа им пркоси на годините: Поранешната манекенка (65) покажала совршено извајана фигура во тренд минијатурен фустан

ИЗВОРСкопје24
|

За неа годините се само број. Иако е во шестата деценија таа изгледа совршено.

Некогашната манекенка Криси Бринкли синоќа прошетала на црвениот тепих и ги освоила сите присутни со својата појава и модната комбинација.

По успешната манекенска кариера таа се посветила на приватен бизнис, но и понатаму е активна на социјалните мрежи и многу често се појавува во телевизиските емисии.

Иако има 65 години, на нејзиниот изглед можат да ѝ завидат многу од помладите девојки. Сигурни сме дека врз основа на нејзиниот изглед никогаш не би сте погодиле колку години има таа.

Во многу краткиот фустан, во ракави-ѕвонарки го привлекла вниманието на сите присутни. Овој модел на фустан на најдобар начин ги истакнал нејзините долги, извајани нозе и затегната фигура.

Кристи многу пати истакнала дека за нејзиниот изглед најмногу е задолжен начинот на исхрана кој вклучува многу вода и зеленчук и овошје како и редовно одење на естетски третмани.