„Училиште за волшебници“ постои во една европска држава, а еве колку чини за да станете нејзин ученик

ИЗВОРСкопје24
|

Сите љубители на Хари Потер ќе уживаат на ова бајковито место. „Вештерството“ или „волшебството“, отсекогаш ги привлекува луѓето од сите краеви на светот. Во модерното време за тоа допринесе Хари Потер, младиот волшебник и неговите пријатели.

Популарноста на овој волшебник прекрасно ја искористија во Полска, поточно во бајковитиот замок Чоша каде што се нудат четиридневни курсеви по „вештерство“ и „волшебство“ по чие завршување добивате и сертификат.

Училиштето веќе го нарекуваат “Хогвортс“ по она од приказната за Хари Потер.

Во училиштето предаваат разни професори, од збунети и растревожени со лошо помнење до млади, остроумни и зборлести, како што ги опишале луѓето кои биле во ова училиште.

Секако, искуството со Хари Потер не би било целосно без разните спортски игри како што е квидич.

Организаторите признале дека се потрудиле да го направат она што на секој љубител на Хари Потер му е сон.

„Во суштина, настојувавме да користиме речиси сè што има и во Хогвортс. Ентузијастите дури донесоа и исти волшебни стапчиња, метли па дури и идентична гардероба, за да потсетуваат на волшебниците од Хогвортс“.

Разликата е во тоа што сите луѓе кои одат во ова училиште се возрасни, но тоа нив не ги спречува да го живеат својот сон.

Цената за престојот во ова необично училиште е 300 евра.