УНИКАТHA КРЕАЦИЈА НА ПРИРОДАТА: Пронајден единствениот дијамант со скапоцен камен во него (ВИДЕО)

|

Единствениот дијамант со скапоцен камен во него е пронајден во Сибир. Дијамантот е наречен „Матрјошка“, а се верува дека е стар 800 милиони години и дека е непроценлив и единствен во светот.

Поголемиот дијамант е со димензии 4,8 x 4,9 x 2,8 милиметри. Во него е сместен помал дијамант со димензии 1,9 x 2,1 x 0,6 милиметри.

Олег Ковалчук, од руската компанија „Алроса“, која го пронашла дијамантот во Јакутија, рекол дека ова е уникатна креација на природата и дека ваков дијамант досега не е пронајден.

„Алроса“ планира да го испрати дијамантот во Геолошкиот институт во Америка на понатамошни истражувања.

Инаку дијамантот е алотропска модификација на јаглеродот. Тоа е најтврдиот минерал во природата. Затоа се користи за сечење, брусење и мазнење на други помеки материјали.

На Мосовата скала исто така зазема највисоко место со тврдост број 10.

Јаглеродните атоми во дијамантот заземаат тетраедарска структура.

Со сечење и полирање на дијамантот се добива брилијант кој се користи како украс. Полирањето се изведува со дијамантска прашина.

Бидејќи се знае дека настанува во атмосфера со висок притисок и температура, денес е усовршено производството на вештачки дијаманати кои се користат само во индустријата. Постапката се изведува во челични контејнери со експлозија. Русија има развиено технологија да произведуваат дијаманти со различна боја. Индустриските дијаманти не се така крупни како некои дијаманти кои може да се најдат во природата.

Мерна единица за маса на дијамантот е каратот. Еден карат = 0,2 грама.