Урмите се чувар на вашето здравје, вклучете ги во секојдневната исхрана

|

Дали знаевте дека урмите се ослободени од холестерол и содржат малку масти? Ова овошје е богато со природен шеќер, кој е одлична замена за обичниот. Урмите го намалуваат чувството на глад и се вистинска мултивитаминска таблетка, поради што, им се препорачуваат и на возрасните и на децата. 

Вклучувајќи ги во помали количини во вашата секојдневна исхрана може да ви помогнат да го одржите нормалното ниво на холестерол, па дури и да влијае во губењето на тежината.

Урмите се силен извор на протеини кои ни помагаат да останеме во форма, па дури и да ги задржиме нашите мускули цврсти. Луѓето кои се физички активни и спортуваат, потребно е да јадат неколку урми секој ден како дел од нивната дневна рутина.

Урмите содржат витамини како што се Б1, Б2, Б3 и Б5, како и А1 и Ц. Ако јадете по неколку урми секој ден, нема да треба да земате витамински додатоци. Не само што ќе ви го подобри здравјето, ќе има и забележителна промена во нивото на енергија, бидејќи урмите содржат природни шеќери како што се глукоза, сахароза и фруктоза. 

Урмите се богати со селен, манган, бакар и магнезиум, и сите овие се потребни кога станува збор за одржување на нашите коски здрави и спречување на состојби како што е остеопороза.

Урмите се полни со калиум, а сепак содржат малку натриум, а тоа помага во одржувањето на нервниот систем. Калиумот помага да се намали холестеролот и го задржува ризикот од удар.

Освен од флуорот што ги задржува забите здрави, урмите исто така содржат железо, што е високо препорачливо за оние кои страдаат од дефицит на железо. Плус тоа е одлично и за прочистување на крвта.

Ако консумирате неколку урми секојдневно, вашиот дигестивен систем ќе се подобри. Освен тоа, се препорачува за оние кои имаат проблем со запек.

Витамините Ц и Д делуваат врз еластичноста на вашата кожа, а исто така ја одржуваат кожата мазна. Плус, ако страдате од проблеми со кожата, инкорпорирање на урми во вашата исхрана може да ви помогне на долг рок. Исто така, ја одржуваат кожата млада и ја спречуваат акумулацијата на меланин во вашето тело.