Поблиску од очекуваното: Успешен тест од Hyperloop за траспорт на патници

ИЗВОРНов Лист
|

Првите тестирања на патниците на прототипот на новиот вид транспорт, капсула со вакуумски воз од Virgin Hyperloop беа успешно завршени.

Џош Гигел соосновач на проектот и директорката за квалитет на патничките услуги Сара Лучијан беа првите патници на официјалното тестирање со патници. Тестирањето се случувало на 08.11..2020 на полигонот DevLoop во американската сојузна држава Невада, каде што бил изграден тунел во должина од 500 метри.

Тестирањето се одвивало во двојната капсула „XP-2“ која била специјално направена за ова тестирање. Познато е дека серискиот носач ќе биде многу поголем и ќе може да собере до 28 лица. Намалениот по димензиите прототип имал цел да ја демонстрира безбедноста на овој вид патување, истакнуваат од Virgin Hyperloop.

Капсулата развила максимална брзина од 48 метри во секунда при минувањето во тунелот. Портпаролот на компанијата истакна дека испитаниците на себе ја носеле својата секојдневна облека „за да не изгледаат како астронаути“.

Со оваа технологија се занимава компанијата „Hyperloop Transportation Technologies“ како и компанијата „Hyperloop One“ чија цел е значително да се намали времетрањето на патувањето .