Ужас во Словенија: изгоре автобус од Босна и Херцеговина

|

Во Словенија се запали автобус од Босна и Херцеговина.

Како што пишува порталот GPMaljevac, автобусот возел на релација Сараево – Франкфурт.

Пожарот избувнал на одморалиште во Словенија, а причината сè уште не е откриена.

За среќа, сите патници успеале да излезат навреме. Во овој инцидент нема повредени.

Имало и прекин на сообраќајот, а пожарникарите го санираа пожарот. Автобусот, како што пренесуваат медиумите, бил целосно опожарен.