Вардар во еден ден го напуштија 10 фудбалери

ИЗВОРНов Лист
|

Фудбалскиот клуб Вардар објави дека со играчите Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски е завршена соработката и тие нема да бидат дел од екипата во наредната сезона.

„На сите играчи поединечно им се заблагодаруваме за професионалноста и посветеноста играјќи за клубот и бранејќи ги нашите бои и им посакуваме многу среќа и успех во нивните понатамошни кариери.“, стои во објавата на Вардар на Фејсбук.