Вес Мичел поднесе оставка, следниот месец заминува од својата функција

ИЗВОРСкопје24
|

Помошникот државен секретар на САД Вес Мичел, поднесе оставка од функцијата во Стејт департментот. Мичел му ја поднел оставка на државниот секретар Мајк Помпео на 4. јануари, а ќе работи до 15 февруари кога заминува.

„Две години од почетокот на оваа администрација, чувствувам дека го завршив сето она што го планирав кога ја презедов функцијата“, напишал Мичел.

Самиот истакнал дека оставката ја поднесува од лични причини, поточно сака да минува повеќе време со семејството.

Мичел минатата година во септември, беше во посета на Македонија каде што даде целосна поддршка на Договорот од Преспа и истакна дека Македонија се наоѓа пред историска шанса. Тој ги охрабруваше граѓаните да гласаат на референдумот.

Исто така Мичел му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека е разочаран од опозицијата, и да ги остави пратениците да гласаат по своја волја.