Викенд хороскоп за 11-12 јануари 2020

ИЗВОРновлист
|

ОВЕН

Ве очекува солидна ситуација. Работата ви оди во стабилен правец и сѐ е во најдобар ред. Иако партнерот го тврди спротивното, неговото однесување за вас е сомнително и сметате дека постои уште некој.

БИК

Поволен ден ако сте планирале некое патување. Генерално можете да очекувате дека ќе имате среќа во работата. Сега се наоѓате во малку потежок период на љубовно поле, па ги преиспитувате своите одлуки.

БЛИЗНАЦИ

Имате пред себе многу обврски, па затоа е важно добро да се организирате и да се посветите на работата. Може да се надевате на многу позитивни промени на полето на љубовта. Ве очекува добра фаза на ова поле.

РАК

Може да имате трема и да не ви е лесно да пронајдете енергија и доволно самодоверба за нов деловен почеток. Поволен ден за љубов, пред вас е период во кој ќе бидете среќни со партнерот.

ЛАВ

Пред вас е можност за напредок. Сега е моментот кога треба да ја покажете својата упорност. На вашиот партнер му се допаѓа вашата посветеност. Убаво се чувствувате кога сте заедно и љубовното поле ви е сосема стабилно.

ДЕВИЦА

Имате можност да прифатите понудата која сте ја добиле и да продолжите да ја развивате вашата работа во добра насока. Можни се и чести несогласувања со саканата личност.

ВАГА

Очекувајте промена во вашата работна околина за која сѐ уште не сте сосема подготвени. Саканата личност можеби ќе ви покаже дека е подготвена заедно да го решите тој проблем.

ШКОРПИЈА

Можно е да немате добра комуникација со колегите и тоа да ви создава сѐ поголем притисок. Ве очекува ден кога на љубовно поле може да доживеете интересни случувања.

СТРЕЛЕЦ

Ова не е многу поволен ден, па потредете се да не ризикувате во било која смисла. Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и нема да престанете да се обидувате додека не успеете во тоа.

ЈАРЕЦ

Време е да се соочите со потешкотиите кои ве очекуваат. Нема да постигнете ништо доколку бегате од проблемите. Имавте некои дилеми околу тоа дали да и пријдете на личноста која ви се допаѓа, а денес сте особено емотивни.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате стабилизација на финансиско поле и ќе успеете да остварите позитивни пресврти. Стабилната љубовна ситуација ви дава душевен мир. Задоволни сте од односот со партнерот.

РИБИ

Ве очекува многу поволен ден во кој ќе имате можност да ги реализирате своите деловни планови. Ќе запознаете нова личност која ќе го разбуди интересот и љубопитноста кај вас. Се чувствувате добро.