Претседателот на Индонезија Џоко Видодо го одобри долгорочниот план владата да ја напушти пренаселената и загадена Џакарта. Министерот за просторно планирање Бамбанг Бродџонегоро изјавил дека на посебна седница на владата Видодо одлучил главниот град да се премести од Јава, најнаселениот индонезиски остров.
Ова се најзагадените места во светот
Можеби денес најчеста тема се климатските промени и нивното влијание на нашиот живот, но всушност најголемиот ризик по здравјето на луѓето не доаѓа од глобалното затоплување, туку најголемиот проблем се крие во индустриското загадување.
Освен што не е лесен, животот во сиромашните градови, каде фабриките и електраните немаат ограничување за отпадот, е отежнат и поради загадувањето.
Во новиот извештај на Институтот Блексмит се проценува дека индустриското загадување претставува здравствен ризик за повеќе од 200 милиони луѓе во светот. Животот во овие области може да биде краток и тежок, но добрата вест е дека расчистувањето на загадувањето е поевтино и полесно отколку борбата со климатските промени.
Овие места се соочуваат со тешко загадување:
1. Агбогблоши, Гана
На оваа локација се обработува електронскиот отпад, што може да доведе до опасно загадување на воздухот и почвата. Многу луѓе не знаат дека смартфоните и лаптоп компјутерите можат да имаат траги на метали како бакар и злато, а кога електронскиот отпад се преработува во сиромашно опкружување, тоа може да доведе до опасно загадување.
Каблите содржат олово кое преку чадот може да влезе во почвата. Конкретно, од примероците земени од околината на Агбогблоши укажуваат на високо присуство на олово, 45 пати поголемо од дозволеното во САД.
2. Реката Читарум, Индонезија
Во Џакарта, град со скоро 10 милиони луѓе, тече реката Читарум која е загадена со индустриски и отпад од домаќинствата. Институтот Блексмит откри висока концентрација на токсични метали, 1.000 пати поголема од ЕПА стандардот и тоа алуминиум, манган и железо.
Благодарение на заемот од 500 милиони долари од Азиската банка за развој, земјата презема мерки за чистење на реката.
3. Кабве, Замбија
Концентрацијата на олово во крвта на жителите на Кабве е 60 отсто поголема од онаа што се смета за фатална бидејќи жителите со децении постепено се трујат поради небезбедното ископување олово во овој регион.
4. Калимантан, Индонезија
Рударите во овој град користат жива во процесот на топење, што годишно испушта и до 1.000 тони токсични хемикалии во воздухот. Што е уште полошо, некои рудари прават легури во своите домови.
5. Норилск, Русија
На северот во Русија во 1935 година бил основан индустриски град во кој се наоѓа најголемиот комплекс за обработка на тешки метали. Се проценува дека повеќе од 130.000 жители се изложени на загадување од метали, што довело до зголемен број на случаи заболени од респираторни болести и рак.