Во Кинотека: Ретрокино под отворено небо

|

Во паркот на Кинотеката, на 2 септември (понеделник), со почеток во 20 часот, филмофилите ќе имаат уникатна можност да проследат неколку наслови од филмската класика.

На „Ретрокиното под отворено“ небо во паркот на Кинотеката ќе бидат прикажани француски документарни филмови на браќата Луј и Огист Лимиер, францускиот игран филм „Патување до месечината“, германскиот игран филм „Кабинетот на доктор Калигари“, како и филмот „Македонска крвава свадба“.

Со проекцијата на неколку странски и еден домашен филм под отворено небо, на класичните формати 16 мм и 35 мм, Кинотеката нуди можност да се потсетите на кино-атмосферата за време на летните периоди во Скопје, каде што пред неколку децении постоеле неколку летни кина под отворено небо.

Влезот на проекциите е бесплатен.