Овен (21.03 – 20.04)
Ќе имате некој нов план за штедење кој ќе ви биде многу важен и ќе го испочитувате до последната точка. Во љубовта не ги игнорирајте своите чувства, кажете ги гласно.
Бик (21.04 – 21.05)
Можно е потпишување на договор кој е од пресудно значење за вашата деловна иднина. Во љубовта време е за поискрен однос со партнерот, кажете му ги вашите планови.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Можно е да не бидете задоволни со атмосферата која ќе ја имате на работа. Во љубовта ќе дознаете некои информации кои ќе го променат вашето мислење за саканото лице.
Рак (22.06 – 22.07)
Денот не е поволен за било какви ризици. Најдобро е да бидете трпеливи. Во љубовта не сакате несериозни врски и беззначајни авантури, туку сакате личност која стабилно ќе стои покрај вас и ќе ве почитува.
Лав (23.07 – 22.08)
Можно е некој од вашето семејство да се обиде да се вмеша во вашите деловни одлуки, а тоа воопшто нема да ви се допадне. Во љубовта потребна ви е промена кога станува збор за емоциите.
Девица (23.08 – 22.09)
Можете да очекувате дека ќе добиете некоја работа од страна или дека ќе остварите дополнителна заработка преку дополнителен ангажман. На љубовното поле нема да бидете претерано успешни.
Вага (23.09 – 22.10)
Потребно е да се потрудите на своите колеги да им покажете дека сте подготвени на компромис и добра тимска работа. Во љубовта ви се допаѓа лице со кое немате многу добра комуникација во моментов.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Пред вас е голем број на обврски, па во текот на целиот ден на некој начин ќе бидете оптеретени. Во љубовта со партнерот ќе успеете да ја дефинирате иднината на врската.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денешниот ден е поволен за правење и креирање на нови деловни тактики кои ќе ги спроведете во дела малку подоцна. Во љубовта не ви е лесно да го заборавите лицето со кое сте поминале убави заеднички моменти.
Јарец (22.12 – 20.01)
Можете да очекувате многу важни случувања на полето за работа во текот на денешниот ден. Во љубовта на партнерот ќе му недостасува да поминувате повеќе време заедно.
Водолија (21.01 – 19.02)
Можеби на работното место ќе делувате пренападно во своите настојувања сопствените идеи да ги покажете како најдобри. Во љубовта редно време е за запознаање со личноста која ви се допаѓа.
Риби (20.02 – 20.03)
Денот е поволен доколку имате план како да ги завршите деловните обврски, потрудете се да најдете време и за оние заостанатите задачи од минатата недела. Во љубовта овој ден е неповолен и бурен.