Во училиште во Зрењанин: Малолетничка со нож повреди девојче, детето итно е пренесено во Ургентниот центар

|

Уште еден немил настан поврзан со малолетници, се случи во Србија, овој пат во О.У. „2. Октомври“ во Зрењанин.

Како што дознава порталот Zrenjaninski.com, девојче родено 2009 година денеска со остар предмет, најверојатно нож повредилa ученичка од тоа училиште.

Повреденото девојче е пренесено во Ургентниот центар на болницата Зрењанин. Засега не се знае дали се здобила со полесни или сериозни повреди.

За овој случај е известена и полициската управа во Зрењанин, а полициската работа е во тек.

Причината за овој напад се уште не е позната.